Отворена изложбата „ Женски приказни “

„Женски приказни “ е насловена изложбата нa ликовниот уметник Андријана Мациев што беше отворена вчеравечер во Уметничката галерија . Изложбата е дел од програмските активности на  Музеј-Куманово, од областа на галериската дејност, поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија. Делата од најновиот ликовен циклус  на Мациев се слики работени во техника акрил на платно.

Мациев е родена 1980-та година  во Скопје. Средно образование завршила  во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломирала на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, рече на синоќешното отворање, кустосот  Драгана Спасковска.

-Андријана зад себе има 21 , заедно со оваа 22 самостојни изложби. Исто така е учесник на безброј групни изложби, други ликовни манифесатции , каде што се негува и почитува уметноста. За мене таа е уметник на бојата. Андријана можам да ја препознам по силинот контрастен  колорит кој блеска со оптимизам, животна радост, изјави Драгана Спасковска, кустос во Галерија

Ликовната уметница Мациев е добитник на повеќе награди и признанија.

-Тука во уметничката галерија се претставувам со нови 30-ина дела работени во изминатиот период во текот на 2018 –та година. Јас започнав од годинава, а ќе продолжам во 2019-та. Претстојат нови изложби односно изложбата „Женски приказни “ ќе биде прошетана низ нашата Македонија, следат други градови каде што ќе бидат изложени делата. Нормално во тој период ќе работам и на нови дела, изјави Андријана Мациев, ликовен уметник

Изложбата во кумановската галерија ќе биде поставена до 20 –ти декември годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)