Отворена изложбата „Катарзична исповед “

Љубителите на ликовната уметност вчеравечер имаа можност да бидат дел од отворањето на изложбата од авторот Мирјана Крстева Массетти. Во уметничката галерија беа прикажани 20 ликовни дела работени во комбинирана техника од нејзиниот најнов ликовен циклус. Оваа уметница не е првпат во Куманово, по трет пат излага во уметничката галерија , но овојпат со магистерската работа насловена  „Катарзична исповед“ , рече кустосот Драгана Спасковска , на отворањето на изложбата.

-„Катарзична исповед“ е магистерскиот ликовен циклус, во кој авторката преку веќе изграден и препознатлив колористичен ликовен израз, текстурата и симболичните, ребусни елементи зборува за патот кон сопствената катарза, за патот кој води кон себеоткривањето“- изјави Драгана Спасковска, кустос во уметничката галерија

Ова е 26-то  самостојно претставување на уметникот Мирјана Крстева Массетти , која што учествувала  на бројни групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство, како и активност на полето на ликовната педагошка дејност.

Изложбата  е поддржана од министерството за култура на Р. Македонија, а во Куманово ќе биде поставена до 15 ноември, годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)