Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“

Кумановски ликовни уметници е насловена изложбата што беше отворена синоќа традиционално во пресред на Денот на ослободување на градот. Во Уметничката галерија се поставени 27 дела на кумановски уметници, работени во различни техники. Директорката на националната установа Музеј Куманово, Анита Цветановска информираше дека изложбата годинава слави 60 годишен јубилеј.

– Од 1956 година со мали прекини до ден денес ја задржавме оваа традиција па така роденденот на нашиот град го одбележуваме токму со таа изложба. Вечерва овде во галеријата се прикажани 27 дела на толку ликовни уметници од градот, сите со различни техники, масло на платно, акрил, комбинирани техники, графики, инсталации. Сите се од различни генерации со различни ликовни ракописи но сепак покажуваат дека ја следат авангардата на современото и модерното сликарство и сето тоа го пренесуваат на платно-нагласи таа.

Уметниците истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во оваа изложба. Изложбата ја организира националната установа Музеј Куманово со поддршка на градоначалникот и советот на опптина Куманово и Министерството за култура.

Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски обраќајќи се пред присутните истакна дека му е чест што секоја година ја отвара оваа изложбата и воедно го презентира највредното од културата и уметноста во градот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)