Отворена изложбата на рачно изработен накит

Во изложбениот салон на Уметничката галерија Куманово, синоќа беше отворена изложбата на рачно изработен накит на Филип Митевски. Под слоганот „Биди различен“, тој ги претстави своите креации на кумановската јавност кои ги изработува користејќи бисери, чипка, стаклени перли и многу други материјали. Митевски дипломирал на медицинскиот факултет во Софија, а веќе пет години се занимава со изработка на накит.

– Ова е моја прва изложба, од ваков тип. Инспирацијата ја црпам од секаде, пред се од убавата жена, изјави Филип Митевски.

Директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска, вели дека оваа изложба е многу поразлична од она што вообичаено се изложува во уметничката галерија, токму поради тоа во иднина е планирано гостување на повеќе групни изложби во Македонија, но и надвор од нејзините граници.

– Оваа вечер направивме соработка со нашиот сограѓанин Филип Митевкси, кој со својот неоткриен талент, се надевам оваа вечер да го откриеме пред кумановската јавност, а и пошироко, вели Анита Цветановска, директор на Н.У. Музеј Куманово.

Цветановска додаде дека секое изложено парче накит е уникатно, а изложбата имаше продажен карактер.

Коментари

коментар(и)