Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше промовирана Првата фото -колонија во Македонија. Присутните имаа можност да разгледаат фотографии изработени од десет автори од повеќе држави.
– Се обидовме секој на свој начин да прикаже како ги видел мотивите , архитектурата , живиот свет. Се трудевме изложбата да биде на високо ниво, проектот е на министерството за култура, центарот за култура, Народна техника на Куманово и локалната самоуправа на Старо Нагоричане, изјави Душко Доцевски, фотограф
Фотографиите од меѓународната изложба „Старо нагоричане 2016“ ќе бидат дел од туристичко- информативниот центар кој што допрва ќе се гради, вели градоначалникот Милован Стојковски.
– Првата фото колонија се одржа во септември месец, тогаш направија прекрасни фотографии, задоволен сум и од учесниците и од фотографиите, изјави Милован Стојковски, градоначалник на Старо Нагоричане
Градоначалникот Стојковски, но и Доцевски се надеваат дека меѓународната изложба ќе стане традиционална и во иднина ќе бидат изработени фотографии од целиот Североисточен регион.