Отворена канцеларијата „ Абер 2015“

Во општината Старо Нагоричане денеска беше отворена канцеларија на Локалната акциска група  наречена „Абер 2015“ од Североисточниот регион. За време на отворањето беа претставени идните активности за локален рурален развој на локалните акциони групи и примери од проекти кои веќе ги спроведуваат, како нова веб страна и аудио водич за мегалитската опсерваторија Кокино и туристичка веб страна за осоговскиот регион. Формирањето на овие групи е дел од напорите на Македонија за воведување на ЕУ ЛИДЕР пристапот и важен чекор во процес кој на државата ќе и стави на располагање 8 милиони евра за проекти за рурален развој преку програмата ИПАРД меѓу 2017 и 2021 година.

Локалните акциони групи се работни групи составени од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор на локално ниво. Овие групи се формираат низ Македонија од почетокот на 2015 како дел од процесот за воведување на ЛЕАДЕР пристапот.

Македонија од 2017 година ќе може да аплицира за ЛИДЕР програмата на ЕУ, а во канцеларијата граѓаните ќе можат да предлагаат свои идеи и предлози за развој на руралната средина во која живеат.

Ваква канцеларија денеска е отворена и во општина Ранковце.

Инаку, во партнерство со Центарот за развој на североисточниот плански регион беше формирана Локалната акциона група „АБЕР 2015 “ од претставници од општините Старо Нагоричане, Липково и Куманово, и Локалната акциона група „ Осоговски Лисец“  формирана од претставници од општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)