Отворена ликовната колонија „Карпино 2016“

Во пресред на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворено 14-то издание на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2016“. Кумановци имаа можност да видат околу 30 дела, работени во различни техники.

-Целокупната колонија беше прекрасна, можеби ова беше една од подобрите ова се акрил, маслов на платно, имавме акрил на панел и еден експеримент како инсталација и објект. Уметниците се дружеа, ликовна колонија е тоа да се дружат уметниците да споделат различни искуства тоа е симпозиум на уметници доаѓаат од повеќе земји се мешаат повеќе јазици, култури, школи, стекнуваат нови искуства, пријатели-изјави Мирослав Величковски, уметнички директор на колонија.

Претседателот на мултимедијалниот центар Карпино, Зоран Павловски истакна дека на овогодинешна колонија учествувале уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.

-Помина извонредно оваа колонија посета на меморијалниот центар Пелинце дружење со уметниците од ликовната колонија Куманово која е сместена таму, посета на црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане,  имавме гостување на реномирани наши македонски уметници, познати ширум светот, Јапонија Германија Франција, Шпанија-нагласи Зоран Павловски, претседател на мултимедијален центар Карпино.

Изложбата ја отвори првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој нагласи дека уметниците секоја година создаваат прекрасни дела.

-Мултимедијалнот центар твори веќе 15 години се работи за една плодна работа на здружение,така што сакам да честитам за љубовта и страста која ја имаат за уметноста. Сакам да истакнам дека сум малку разочаран затоа што не успеавме во изминатиот период заедно со МПЦ, Министерството за култура, општина Старо Нагоричане и ние, заедно да придонесеме за манастирот и еве 6 година не сме во можност да го организираме таму-нагласи градоначалникот Дамјановски.

Тој посочи дека и во иднина ќе даваат поддршка на оваа манифестација.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)