Отворена ликовната колонија „Карпино 2015“

Во пресред на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворено тринаесетото издание на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“. Кумановци имаа можност да видат 32 слики, кои се работени во различни техники, од кои повеќето акрил на платно.

-Оваа година имаме уметници од Украина, БиХ, Србија, Бугарија и нашите од Македонија. 15 уметници твореа осум дена во комплексот Грација, таму сме последните четири години. Многу ме радува што денеска прочитав во весник митрополитот кумановско-осоговски Јосиф најави дека освен во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка и во манастирскиот комплекс Карпино ќе се воведат монаси-истакна Зоран Павловски претседател на Мултимедијален центар „Карпино“ .

Изложбата ја отвори првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој нагласи дека уметниците секоја година создаваат прекрасни дела, кои ги красат институциите.

-Куманово полека но сигурно се етаблира како една од водечки ликовно уметнички точки во РМ, а мислам и на Балканот. Препознатливо онака како што заслужува многу пати сум кажал дека традицијата во ликовната уметност во Куманово и кумановскиот крај е преточен во модерното македонско сликарство-наведе тој.

Уметничкиот директор Мирослав Величковски наведе дека секоја ликовна колонија претставува симпозиум на уметници, кои разменуваат искуства, техники и се забавуваат.

-Ова е меѓународна ликовна колонија и се повеќе држави, култури од Украина до Балканот, се сплотија културите и настанаа овие прекрасни дела-нагласи тој.

Изложбата Карпино 2015 ќе гостува во Виница, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Свети Николе и Кратово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)