Отворена меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“

15 уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија до 9-ти септември ќе творат во рамките на ликовната колонија Карпино 2015. Организатор традиционално е Мултимедијалниот центар Карпино , а делата ќе се создаваат во ресторан Грација. Освен што ќе творат, учесниците на колонијата ќе го посетат манастирскиот комплекс Карпино, црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и други значајни места во кумановско.

Според критериумите  уметниците треба да создадат најмалку три дела од кои две дела остануваат за организаторот, а едно може да земат за себе. Уметниците очекуваат богата продукција и квалитетни дела.

– Ова не е првпат да сум во Македопнија, но првпат сум дел од ликовна колонија. Луѓето овде се добри домаќини, синоќа добро не пречекаа, не носеа на рома труба фест, а денеска гледам дека екипата е составена од млади уметници и верувам дека ќе има богата продукција изјави  Бранислав  Луковиќ , уметник

-Очекувам да создадеме убави и квалитетни дела , не е битно колку дела ќе направиме туку да бидат квалитетни. Првпат доаѓам во Македонија, и се е интересно  изјави Емилија Емирева, уметник

-Првпат учествувам на ликовната колонија карпино, мислам дека ќе биде извонредно, приемот е фантастичен, стигнав пред 10 минути, мислам дека се ќе биде како што треба, изјави Милица Лилиќ, уметник

Уметниците ќе творат на слободна тема, а најголем дел од нив ќе користат  техника – акрил на платно

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)