Отворена „Роса школа за родителство“ во болницата

Младите родители од денеска можат да ги користат услугите на новоотворената Роса школа за родителство во рамките на кумановската општа болница. Идните и младите родители можат да се информираат за нега, исхрана на новороденчињата, мајките за здравјето, негата и исхрана за време и по бременоста и да добијат  информации од стручниот кадар од болницата. Во школото ќе бидат ангажирани педијатар, гинеколог, сестри, акушерки, едуцирани и со повеќегодишно искуство, велат од болницата.

Директорката на болницата, Снежана Захариева изрази задоволство што болницата е дел од овој проект кој се спроведува со поддршка на „Пивара“ Скопје и Министерството за здравство.

-Идните родители се соочуваат со безброј прашања кои родителите ги бараат на интернет. Преку ова школо, ќе можат да дојдат во болницата и да се информираат за се што ги интересира, од начин на исхрана и на мајките, негата и исхрана кај новороденчињата. Овде ќе им се покаже како да се одржува хигиената на новороденчето, како да се облече, ќе добијат совети за секој проблем. Добредојдени се сите- изјави Захариева.

Обуките се бесплатни и ќе бидат опфатени повеќе теми. Школата за родителство е сместена во подрумскиот дел на болницата, во просториите на поранешниот хируршки оддел.

-Навистина е задоволство да се биде во Општа болница Куманово, каде ја затвораме 2019-та година со отворањето на третата „Роса школа за родителство“ за оваа година. Задоволство е да се биде партнер со Министерството за здравство и кумановската болница, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, бренд менаџер во „Пивара“  Скопје.

Според неа,  отворањето на овие школи им овозможува на  новите родители да побараат кредибилни информации од високо квалификуваниот кадар во болниците, а искуството од веќе постоечките школи во другите градови покажува дека инетересот за школите е се поголем.

Со проектот досега се опфатени шест болници ширум државата. Во наредната 2020-та  година, проектот ќе продолжи со отворање на дополнителни три школи за родителство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)