Отворена „Скулптури на новото време 2015“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа во 20 часот се отвори осмото издание на изложбата Скулптури на новото време 2015.

На истата беа изложени дела на 21 уметници од Македонија. Афирмираните скулптори кои се претставувале во државата, но и надвор од неа, работеле во различни материјали како мермер, метал, гипс, дрво и хартија.

-Постои една криза во однос на продукцијата на авторската скукптура да кажам дека пред 10-ина години без проблем организиравме вакви изложби само од кумановски автори еве сега од целата република имаме потешкотии. Но се надевам дека оваа криза бргу ќе биде надмината и дека дел од авторите ќе ги продолжат своите истражувања од областа на скулптурата-изјави истакна Роберт Цветковски,историчар на уметноста во Центарот за култура.

Уметниците сметаат дека изложбата на која што учествуваат неколку години, е одлична можност за презентација на нивните дела. Изложбата кумановци ќе имаат можност да ја видат до 29-ти септември.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)