Отворена фото-изложбата „Кина во моите очи“

Со фото- изложба насловена „Кина во моите очи“  денеска во Занаетчискиот дом е одбележана 70 годишнината од основањето на Народна Република Кина. Организатори на манифестацијата се Амбасадата на НР Кина, Општина Куманово и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка. Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо во своето обраќање рече дека кинескиот и македонскиот народ уживаат во длабокото традиционално пријателство. „Од воспоставувањето на дипломатските односи пред 26 години нашата политика и меѓусебна доверба стануваат се посилни и поцврсти“, потенцира Ѕуо.

 

Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска му посака на новоименуваниот амбасадор успешна и плодна работа во нашата држава.

-Очекувам дека во наредниот период и тоа наскоро амбасдорот  ќе оствари работна средба со градоначалникот и со претставниците на локалната самоуправа, а се со цел за понатамошна взаемна соработка и унапредување во сите области од општествениот живот, а особено во областа на економскиот раст и развој, рече Десанка Стошевска, Секретар на Општина Куманово

Пред присутните говореше и претседателот на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, Љупчо Маленков, потсетувајќи дека друштвото функционира од 1994 –та година.

Претседател на регионалниот огранок на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка е Жика Крстевски.

Инаку, фото –изложбата „Кина во моите очи“ ќе биде поставена една недела .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)