Отворена Kнига на жалост

На иницијатива на Здружението на бранители од Куманово, како и на голем број граѓани, денеска пред Центарот за култура беше отворена Kнига на жалост во чест на осумте загинати полициски службеници. Граѓаните во книгата пишуваа сочувство до семејствата на како што велат, загинатите херои, кои што ги дадоа животите за одбрана на државата.

-Секој граѓанин на Куманово или кој било од Македонија може да дојде и да ги остави своите пораки и впечатоци  за хероите кои ги дадоа животите за Македонија-изјави Предраг Петрушевски, претседател на Здружение на бранители.

Присутните граѓани истакнаа дека ова е голема загуба за државата и дека сите треба да им одадат почит на загинатите полицајци.

-Вечна им слава на хероите кои за нашата безбедност ги дадоа своите животи-изјавија граѓаните.

Инаку потпишувањето во книгата на жалост започна во 11, а ќе трае до 19 часот. По завршувањето Здужението на бранители книгата ќе ја предаде на Министерството за внатрешни работи.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)