„Отворени денови“ во Агенцијата за вработување

Во Агенцијата за вработување во Куманово денеска се одржа проектот отворени денови. Невработените и работодавачите имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување.

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски истакна дека преку ваквите проекти може да ги слушнат критиките од граѓаните и потоа полесно да ги решат проблемите со кои што се соочуваат.

  • Сакам да слушнеме од самите граѓани, кои ги користат нашите услуги дали се задоволни, не задоволни, каде грешиме што и колку и дали сме на вистинскиот пат на квалитетна институција, кој што бара квалитетни услуги за граѓаните-изјави тој.

Невработените лица ја искористија можноста и прашуваа како да го решат својот статус.

-Вработени сме во АД „Житомел“ кој влезе во стечај во 2005 година. Тогаш се пререгистрира во ДООЕЛ, но се затвори во 2014 година од Централниот регистар. Во тоа време во фирмата имаше 42 вработени лица и на нив статусот не им се решава на никаков начин. Бараме од агенцијата од стечајниот управник и судот во Велес, да најдат некој начин да ни го реши статусот, зошто немаме од кого да земеме отказни решенија и да се пријавиме во Агенцијата за вработување-наведе Моме Стојановски.

Инаку директорот на агенцијата информираше дека во временска рамка од четири месеци до една година треба да започне со работа фабриката „Веибо“, која се наоѓа во непосредна близина на Куманово. Во фирмата е предвидено да се отворат 5.000 работни места.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)