„Отворени денови“ во Управата за имотно-правни работи

Постапката за приватизација на земјиштето, легализација на објектите, прашања поврзани со катастарските услуги, па дури и судски прашања е она што ги интересираше граѓаните  на Отворените денови во подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи. Стручни тимови од Скопје, но и вработените во управата им помагаа на кумановци да ги решат дилемите во врска со имотно-правните работи.

-Одделението во Куманово во изминатиот период активно работеше и ефикасно се справи со поголем број на постапки кои што беа во функција на реализирање на значајни проекти, пред се за РМ, но секако и за граѓаните на општина Куманово. Тука особено мислам на постапките за експропријација за изградба на железничката пруга кон  Бугарија, како и експропријацијата за изградба на гасоводот, изјави Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи

Од 2005- та година до сега во Управата за имотно-правни работи примени се 17.600 барања од кои што голем дел се решени,велат  надлежните.

-Во постапка остануваат околу 5.500 барања. Ние како Управа максимално се залагаме да им излеземе во пресрет на граѓаните, а воедно апелирам и до сите баратели кои што веќе поднеле барања, а кои што ја немаат комплетирано документацијата тоа да го направат што е можно побрзо за да можеме и ние да постапиме по тоа барање и да донесеме соодветен акт, изјави Елизабета Божиновска, овластен потписник

Надлежните ги потсетуваат граѓаните дека рокот за приватизација е завршен.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)