Отворени денови за граѓаните во катастарот

Граѓаните  денеска и утре имаат можност да бидат дел од заедничките отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно—правни работи. Стручните тимови одговараат на прашања  на граѓаните и доколку се работи за грешка на катастарот се прават напори таа веднаш да биде исправена или пак се дава правен совет како проблемот да се надмине. Околу 6.000 граѓани досега на државно ниво се обратиле кај надлежните тимови во рамките на „Отворени денови со катастарот“  и голем број од предметите веќе се решени. Акцијата ќе трае до крајот на месецов, велат надлежните.

-Ова е едно од одделенијата кое што има најголема ефикасност во поглед на решавањето на предметите за приватизација, имено од вкупно поднесените 17.800 предмети  барања за приватизација досега се завршени 73 проценти од тие барања што значи дека генерално во постапка ни остануваат околу 4.700 предмети кои што се постапка за докомплетирање и се очекува во наредниот период да донесеме првостепени решенија во однос на тие предмети, изјави  Зоран Крстаноски, директор на Управа за имотно-правни работи

Во Управата за имотно -правни работи младите кумановци веќе од вчера почнаа да се информираат и за условите и поволностите што се нудат преку проектот „Купи куќа за млади “. Во проектот е вклучена и Агенцијата за катастар на недвижности во делот на изнаоѓање на неизградено државно земјиште со цел понатаму истото да се урбанизира и даде на продажба по почетна цена од едно евро за метар квадратен.

– Од 80 општини  колку што има во РМ, за 45 веќе податоците се обработени и доставени се до министерството додека за преостанатите 35 до крајот на неделата ќе бидат готови податоците и истите ќе бидат доставени. Понатамошната постапка е да се донесе урбанистички план и потоа да се понудат тие парцели да се продават , изјави Славе Трпески, директор на Агенција за катастар на недвижности

Одделението за катастар на недвижности Куманово има решено околу 60.000 предмети, повеќе од 7.100 запишани легализирани објекти, а за социјално ранливите категории има изработено 690 бесплатни геодетски елаборати. Што се однесува до дигитализацијата се очекува заклучно со месец март  комплетно да заврши процесот за Куманово. Трпески најави и отворање на нови простории во кои ќе бидат сместени шалтерите на одделението Куманово, а ќе  бидат пристапни и за хендикепираните лица. Новата просторија ќе биде сместена во објектот  на поранешната продавница„ Димче Еребица “ спроти кумановскиот суд.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)