Отворени денови и за кумановските земјоделци

Земјоделците во текот на отворените денови ќе имаат прилика да се информираат за сите актуелни земјоделски програми и начинот на нивно користење. Тие можат да добијат советодавните услуги во Центарот за рурален развој на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово. Оттаму објаснуваат дека земјоделците највеќе се интересираат за субвенции, а имаат проблеми со водоснабдувањето, струјата и патната инфраструктура. Тие посочуваат дека во моментот е актуелна програмата за рурален развој.

-За набавка на механизација право да аплицираат имаат сите кои се запишани во регистарот на земјоделско стопанство во подрачната единица со површина од хектар ипол од житни култури, вели Живка Наумова, раководител на регионален центар во АПРЗ.

Марката за набавка на земјоделска механизација е најатрактивна за земјоделците и ќе трае до 30 септември. Досега за нејзино користење аплицирале над 30 земјоделци. Според Центарот за рурален развој, најактивни се земјоделците од Младо Нагоричане, Пчиња, Студена Бара, Горно Којнаре, Никуљане и Алгуња. Оттаму објаснуваат дека претежно со земјоделство се занимаваат повозрасните. Најголем број на млади земјоделци има во селата Никуштак, Слупчане, Пчиња и Черкезе.

 -За жал младите ретко прифаќаат да се занимаваат со земјоделие и од таму да ги остваруваат приходите,објаснува Наумова.

Од Центарот за рурален развој информираат дека на 25 и 26 август, Општина Липково и селата Никуљане, Стрезовце и Клечовце ќе ги посетат  претставници од Министерството  и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделие.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)