Отворени новите простории на катастар

Пуштени се во употреба новите простории на Одделението  за катастар на недвижности во центарот на градот, спроти зградата на општина куманово. На свеченото  отворање  присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски , директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и пратеникот Зоран Ѓорѓиевски .

 

-Претходно,катастарот имаше простории кои беа смесетни на втор кат што беше поотежнато за пристап за граѓаните.Сега,со сопствени средства катастарот веќе направи нови канцелерии,многу блиску до општината,до судот, така што, секој ќе може побрзо да си ги добие своите документ-рече министерот Мисајловски.

Во новите простории пристап до шалтерите ќе имаат и лицата со посебни потреби и повозрасните граѓани. Катастарот продолжува со инвестирање за подобрување на условите и на вработените и за граѓаните , рече директорот Трпески.

Пратеникот Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период ќе се реализираат уште проекти со поддршка на владата во Куманово.

Просториите зафаќаат површина од 123 метри квадратни. Бројот на шалтерите е зголемен, така што,граѓаните побрзо ќе бидат услужени, рече раководителот на Одделението во Куманово Дејан Јовановски.

-Ова е нешто што му требаше на Куманово и посебно на одделението за катастар на наевижности.Мислам дека граѓаните ќе добијат подобра и поквалитетна услуга“-рече Јовановски.

На месечно ниво во  одделението за катастар на недвижности ,просечно пристигаат околу 6.000 барања од граѓаните на Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)