Отворен ден во ОУ „11-ти Октомври“

Основното училиште 11-ти Октомври денеска организираше отворен ден. Учениците и наставниот кадар ги информираа заинтересираните ученици и нивните родители за упис, работењето на училиштето, функционирањето на службите, успесите и слично. Во училиштето беа изложени штандови за секој предмет на кои се презентираше нивната работа, постигнатите резултати.

-11-ти Октомври е училиште кое се наоѓа во централното градско подрачје со организиран превоз за учениците. Училиштето има 24 часовен мониторинг и лично училишно обезбедување. Наставата се реализира во чисти кабинети, кои се тематско уредени со компјутерска опрема и смарт табла, бидејќи располагаме со големи зелени површини и повеќенаменско игралиште многу често организираме отворени часови и игри на отворено. Наставниот кадар е високообразован  и квалитетен ги следи тековите во модерното образование и можам да кажам дека ние сме единственото училиште во градот, кое нуди изучување на повеќе странски јазици како што се англискиот, германскиот, италијанскиот и францускиот јазик-посочи Маја Ристиќ Кипријановска, наставник по италијански јазик.

Од училиштето истакнаа дека 11-ти Октомври наскоро ќе биде целосно реновирано.

Коментари

коментар(и)