Отворен ден во ОУ „11-ти Октомври“

Основното училиште 11-ти Октомври денеска организираше отворен ден. Учениците и наставниот кадар ги информираа заинтересираните ученици и нивните родители за упис, работењето на училиштето, функционирањето на службите, успесите и слично. Во дворот на училиштето беа изложени штандови за секој предмет на кои се презентираше нивната работа, постигнатите резултати.

-Она што е специфично за нас тоа е високо мотивиран наставен кадар стручна служба од психилог, педагог, дефектолог кои работат индивидуално со учениците бидејќи кај нас е оптимално од 15 до 20 ученици и тоа овозможува на тој начин да се работи индивидуално и да се посвети на секој ученик. Имаме уште 3 дефектолози во редовната настава кои работат индитивидуално со учениците, активно учествуваме во сите проекти кои се организираат, како адути наши се четирите светски јазици кои се изучуваат овде англиски, германски италијански и француски. Отвореноста на училштето соработката со родителите, имаме многу добра соработка со Советот на родители, еве еден апел до родителите дојдете во нашето училиште запознајте се со нашиот наставен кадар и запишете ги вашите ученици кај нас-посочи Елизабета Костадиновска Костиќ, директор на „11-ти Октомври“.

Визијата на 11-ти октомври е училиште со креативна и поттикнувачка клима, за деца од различни култури, во која ќе се користат современи методи со кои се формира млад човек за понатамошните образовни, професионални и животни предизвици. Основното училиште 11-ти октомври активно работи на проектите Со читање до лидерство, меѓуетничка како и еколошка интеграција во македонскиот образовен систем,  инклузивно оштество, безбедни училишта и слично. Во моментов во истото престојува и волонтер од Мировниот корпус, кој на учениците им го пренесува своето знаење по англиски јазик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)