Отворен ден во „Перо Наков“

Средното стручно училиште „Перо Наков “ денеска ги отвори вратите за сите деветоодделенци кои што сакаат да се запознаат со наставните програми и профили што ги нуди училиштето согласно реформите кои треба да се воведат во образованието за стручните училишта. Учениците беа дел од работилници каде што преку квизови ги истакнуваа своите познавања од областа на економијата и кожарско -текстилната област, а пак дел од деветоодделенците дизајнираат, односно цртаа различни креации од обувки и модели, информира директорката Мила Жибак Димковска, посочувајќи дека работилницата е со натпреварувачки карактер.

-Целокупната работилница е пропратена со презентација каде што детално се опишани наставните планови и програми, нашеите достигнувања од страна на нашите ученици во проектите што ги имаме реализирани, потоа учениците се спроведуваат низ училишниот објект, да се запознаат со работилниците, спортската сала, кабинетот по информатика, кабинетите од областа на економијата, теретаната да ја видат, просторијата за пинг понг, изјави Мила Жибак Димковска, директор на СОУ„Перо Наков“

Во секој профил со реформите се очекува со воведувањето на дуалното стручно образование да се спојат образованието и стопанството и да се обучат кадри кои му се потребни на реалниот сектор.

И учениците во практичната настава ќе стекнат вештини кои ќе бидат од особено значење за нивното идно вработување.

Новите струки и профили се подготвени од стручните од образованието, но и од претставници од бизнис заедницата.

-Во економско право и трговската струка се нудат два образовни профили –економски техничар и бизнис администратор , додека во текстилно -кожарската струка нудиме пет профили- техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека, техничар за дизајн на облека, техничар за обувки и техничар за моделирање на обувки и како што јавноста знае од минатата година нудиме истурена паралелка на спортска академија односно кошарка. Многу успешно се покажа лани отворањето на овој нов профил , отворивме една паралелка која продолжува и понатаму во втора, трета и четврта година, сега запишуваме нови  ученици за во прва година, селективниот тренинг веќе помина, имавме околу 20 ученици, ги очекуваме официјалните резултати за примените кандидати, изјави Жибак Димковска.

Во прва година, согласно објавениот конкурс на МОН во ова училиште можат да се запишат 714 ученици во 21 паралелка на македонски и албански наставен јазик, односно во економско-правна и трговска струка  13 паралелки и во текстилно – кожарска струка ,  8 паралелки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)