Отворен ден во „Перо Наков“

Средното стручно училиште Перо Наков денеска организираше отворен ден. Учениците и наставниот кадар ги информираа заинтересираните ученици за уписот, насоките, работењето на училиштето, функционирањето и слично. Во холот на училиштето беа изложени штандови за насоките и предметите на кои презентираа нивните резултати.

-Многу ни е драго што можеме на завршените деветооделенци и нивните родители да им го покажеме сето она што се нуди во нашето училиште. Прекрасни просторни можности и штандови со практична изработка од нашите две струки економско правна и трговска и текстилно кожарска струка со повеќе потпрофили и каде што учениците можат да ја покажат својата креативност меѓутоа и она што значи нивна идна професија. Интересно е што нашиот отворен ден има и една интерактивна содржина што значи дека учениците кои не посетуваат истовремено од учениците кои се запишани и нивните професори можат да се вклучат во активностите кои што ги очекуваат кога ќе бидат наши ученици што е интересно-истакна директорката Лидија Тасевска.

Учениците ги повикаа идните средношколци да се запишат во нивното училиште.

– Во нашето училиште можете да се определите за кој било смер да сакате да се определите. Нудиме многу смерови, техничар за трговија и маркетинг, што може да се определите доколку сте креативни, доаѓаат деца од различни училишта ние сме тука да ги запознаеме, да ги претставиме нашите струки-истакна една ученичка.

Вработени во Перо Наков имаат и организирани посети на основните училишта во градот, при што ги презентираат струките кои што ги нуди нивната установа.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)