Отворен ден во Старо Нагоричане

„Унапредување на човековите права и заштита на малцинствата во Југоисточна Европа”, е насловот на проектот којшто го имплементира општина Старо Нагоричане, заедно со Европската унија и Советот на Европа, а кој денеска беше презентиран во центарот за млади. На отворениот дневен настан на кој присуствуваа делегации од повеќе општини од државата, но и од Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, беа презентирани постигнатите цели. Градоначалникот на Старо Нагоричане, Милован Стојковски истакна дека благодарение на средствата од овој проект започна со работа културно уметничкото друштво Српски вез, кое веќе бележи бројни настапи во државата, но и надвор. Додаде дека проектот е заслужен и за формирање на работилница за изработка на носии и сувенири.

-Поставивме и постојана поставка на изложба на сите рачно изработени ракотворби, имаме 4 жени кои вредно работеа, додека траеше проектот, да се пофалам дека во Макеоднија од сите проекти 5 кои ги добија малцинствата во Крушево, Сарај, Жупа, Тетово и Старо Нагоричане, ние го добивме и грантот од 10.000 евра со тие пари продолжи работилницата изработивме уште 20-ина носии, сувенири, купивме од опрема, што требаше, така што максимално сме опремени-нагласи тој.

Присутните имаа можност по мини семинатор, да се запознаат со работилницата, изложбата но и да проследат настап на КУД Српски вез. Координаторот на проектот за Југоисточниот регион, Емир Аџовиќ истакна дека главната цел е да се подобрат правата на националните малцинства во регионот каде што живеат. Додаде дека за мали грантови вложиле повеќе од 700.000 евра. Тој истакна дека Општина Старо Нагоричане за подобра реализација на започнатите активности, добила уште еден гранд во вредност од 10.000 евра.

26.08.2016 - Nagoricane 1

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)