Отворен ден за деветодделенци во гиманзијата

Деветоодделенци од сите училишта во градот денеска беа во посета на гимназијата „Гоце Делчев“. Целта на отворениот ден во кумановската гимназија беше идните средношколци да се запознаат со условите и можностите кои што ги нуди ова средно училиште. Согласно новите наставни планови на министерството за образование и наука за учебната 2017-2018 година за запишување во прва година , ќе има новини кои што денеска им беа презентирани на учениците.

-Според новите програми на министерствтоо за образование и наука  во прва година учениците веднаш ќе треба да се определат за кое подрачје , се определуваат математичко подрачје а и б, општествено –хуманистичко а и б, и јазично -уметничко подрачје  а и б. Најголеми промени ќе има во математичкото подрачје каде се зголемуваат часовите по математика, физика, биологија и хемија ,останатите подрачја остануваат  со мали промени, сето тоа можат учениците да го видат , стручно да биде објаснето од нашите професори од флаерите што ќе ги делиме и она што ќе биде објавено на нашата веб страна, изјави Соња Тодоровска, директор на гимназијата „Гоце Делчев “

Надлежните посочуваат дека секоја новина  учениците на почеток ја прифаќаат со резерва, но со тек на времето успешно ја реализираат.

-Треба да дадеме можност да започне да се реализира овој проект односно овие измени па да видиме што ќе се случува , обично учениците се скептични кон зголемување на фондот на часови по математика меѓутоа сепак се работи за гимназиско образование , тука доаѓаат најдобрите ученици и имаме љубители на математика така што нека почен па ќе ги сумираме резултатите,  изјави Соња Тодоровска, директор на гимназија Гоце Делчев

Денешниот отворен ден беше прва ваква посета организирана од училиштето за деветодделенците од Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)