Отворен ден на црвениот крст

Општинската организација на црвениот крст денеска организираше отворен ден на градскиот плоштад каде што граѓаните од едукативните материјали, брошури, но и лично од волонтерите можеа да се запознаат со нивните активности.

-Секој може да дојде да се запознае со активностите , областите во кои делува црвениот крст,  како младите придонесуваат за општетството, тука имаме изложено благодарници, пехари , едукативни материјали кои ги даваме на граѓаните за најразлични теми. Има доста голема заинтересираност од страна на граѓаните, посебно од младите луѓе, доаѓаат и се информираат , дури и многумина сакаат да станат наши волонтери, изјави Христина Петровска, волонтер

Во рамките на одбележувањето на недела на младите во средните училишта се одржуваат презентации преку кои средношколците се едуцираат за волонтерската работа, а воедно дел од нив стануваат  нови членови на црвениот крст. Засега во општинската организација на црвениот крст Куманово волонтираат околу сто младинци.

Коментари

коментар(и)