Отворен ден со младински организации

15 организации од Куманово, Крива Паланка, Липково и Кратово беа претставени на настанот ,,Младински отворени денови,,  во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог и Националниот младински совет на Македонија. Идејата е младите  да ги запознаат одблиску програмите и целите на  младинските  организации и доколку имаат желба да им се приклучат. На овој начин младите се информираат за начинот на работа на граѓанското општество и   функционираат како активни граѓани.

-За прв пат се организира ваков настан  во североисточниот регион, а нашата задача е да ги информираме заинтересираните за тоа како можат да пристапат до Националниот младински совет. Маниферстацијата дава можност да ги повикаме младите да се  вклучат не само само во ЦИД туку и во други младински организации од регионот – вели Стефан Маневски од Центарот за меѓукултурен дијалог- ЦИД.

Slika 3

На манифестацијата беа застапени младински организации од различни етнички заедници чии претставници имаа улога да ги споделат своите искуства со присутните.

-Дојдовме да ја претставиме нашата организација која постои веќе 15 години. Во изминатиот период работевме на повеќе програми кои опфаќаат различни теми – објасни Лиридон Исмаили од Исламски младински форум.

Младите добиваат можност да ги искажат своите желби и потреби, а младинските организации да развијат идни заеднички проекти. Во исто време настанот ќе служи и како платформа за запознавање и вмрежување на организациите од регионот.

Дром е кратенка од пат што значи патот кон развојот, успехот и патот на младите. Презентираме програми од здравствената заштита,психолошки работилници и многу други – вели Емилија Илиевска од ДРОМ.

Центарот за меѓукултурен дијалог е официјална контакт точка на Националниот младински совет за севереисточниот регион, задолжена да пружи поддршка за сите организации заинтересирани за соработка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)