Отворен мини саем на книга

Градската библиотека „Тане Георгиевски“   во соработка со издавачката куќа „Култура“ од Скопје, организираат петдневен саем на книгата кој  започна денеска и ќе трае до  сабота. На саемот, информираат  надлежните од библиотека, љубителите на пишаниот збор ќе имаат можат да се снабдат со најбараните наслови со специјални намалувања и саемски попусти.

– Во насока на популаризација на книгата и читањето, ЈОУ „Тане Георгиевски“ од денеска до сабота во соработка со издавачката куќа Култура од Скопје организираме мини саем на книги каде што издавачката куќа ќе бидат изложени книгите од нивните најнови изданија, најпопуларни изданија при што нашите корисници, граѓаните ќе имаат можност по промотивни и саемски цени да си набават книги од најновите изданија на издавачката куќа Култура. Во таа насока утре со почеток во 19 часот ќе имаме промоција на книги од нашата најчитана авторка од издавачката куќа „Култура“, Милијана Павловска при што еве можност да ги поканам сите љубители на пишаниот збор доколку се во можност да присуствуваат , изјави Марјан Петковски, директор на библиотека „Тане Георгиевски“

Заинтересираните читатели имаат можност да го посетат штандот наредните денови во периодот од 10 до 19 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)