Отворен саемот „Денови на мед 2015“

На Градскиот плоштад утринава свечено беше отворено 16-тото издание на тридневната саемска манифестација „Денови на мед 2015“. Мед и други пчелни производи изложија тринаесет пчелари од Куманово и еден од Берово.

Претседателот на пчеларското здружение „Пчела“, Часлав Ристовски истакна дека оваа манифестација многу придонела за афирмација на пчеларството и производителите на медот. Но тој наведува дека годинава поради сушниот период имаат извадено само десет до 15 килограми мед по кошница.

И останатите пчелари се согласуваат дека оваа година имаат помалку производство за разлика од лани. Но тие велат дека и покрај тоа не планираат да се откажат од пчеларството. Додаваат дека ги загрижува само слабиот интерес на младите за оваа дејност.

На шестаесетиот саем по ред учествуваа и ученици од средното стручно училиште Киро Бурназ, кои поседуваат сопствен пчеларник.

Инаку годинешнава манифестација која што е под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, ја отвори Горан Митевски, раководител на секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции.

-Би сакал да поздравам од страна на Општина Куманово целокупната манифестација која што се организира по 16-ти пат. Отсекогаш од првиот ден имале поддршка од Општина Куманово мислам дека така и ќе продолжи. Производителите се за пример во Македонија за оваа работа, и организираноста-наведе тој.

Инаку саемот ќе биде отворен до сабота, а кумановци освен квалитетен мед, можат да купат и останати пчелни производи, прополис, полен, матичен млеч, мед во саќе.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)