Отворен Саем на книгата

На Светскиот ден на книгата и авторското право пред библиотеката „Тане Георгиевски“ денеска се отвори мини саем на книгата. Манифестацијата е во рамки на кампањата „ Да“ за КНИГА, која ја организира книгоиздателството Матица Македонска.

-Кога ве гледам во ваков број  јас воопшто не се грижам за книгата. Велат дека книгата има голема конкуренција тука се електонските медиуми, телевизиите, разни игри и друг вид забави, меѓутоа книгата е незаменли и овој настан тоа го потврдува изјави Нада Ивановска, директор на библиотека „Тане Георгиевски“

-Генерално идејата е книгата да биде колку е можно поблиску до читателите, а колку повеќе зборуваме за книгата и колку повеќе се дружиме со книгата толку подобро општество ќе имаме, изјави Дејан Павлевски, директор на  книгоиздателство „Матица Македонска“

Читателите во наредните три дена ќе можат да си купат книга по пристапна цена.

-Еве уште еден убав момент за да книгата ја приближиме до читатетелите, но и да пратиме сигнал дека Куманово секогаш е град кој ги прифаќа сите оние кои сакаат да дадат свој придонес во збогатувањето на културниот живот на градот и за приближување на книгата до читателите, изјави Жика Крстевски, раководител на Сектор за култура и образование

На првиот ден од саемот на книга напладне беше промовирана едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од академикот и писател Витомир Митевски.

Промоциите и книжевните дружења како дел од турнејата на книгите „да“ за книга продолжуваат утре.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)