Отворен Фестивалот на новиот германски филм

Четврти пат по ред вчеравечер во Младинскиот културен центар Козјак беше отворен Фестивалот на новиот германски филм преку кој граѓаните на Куманово ќе имаат можност да уживаат во германската современа кинематографија.

Фестивалот и оваа година се одржува во организација на Младинскиот културен центар Козјак, заедно со Амбасадата на Сојузна Република Германија, а со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Ова година е дванаесети по ред фестивал на германски филм, во програмата на самата програма на филмовите се филмови од повеќе жанрови, неколку драми интересни, тоа се содржини филмови снимени 2015 и 2016 дури, значи најнова продукција на Германија која се презентира во Република Македонија. Филмовите што ги прикажуваме еден дел се детски филмови за поголема посета за да видат перд се за јазико и културата во Германија – изјави Мирче Крстевски, претседател на МКЦ Козјак.

Манифестацијата ја отвори заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Марко Акватичи, кој потенцираше дека фестивалот кој минатата недела започна во Скопје ќе се одржи во 10 други градови, а Куманово е првиот од нив.

Во Македонија голем интерес за учење на германскиот јазик, германската култура и за Германија како таква, така што во тој контекст сметаме дека излегуваме во пресрет на граѓаните кои што пошироко се запознаваат и со историските прилики и со разноразни прилики што се прикажуваат низ филмовите, а оваа година донесовме навистина добри и модерни филмови – изјави Марко Акватичи, замник амбасдор на Сојузна Република Германија.

Заменик амбасадорот Акватичи вчера оставари работна средба со градоначалникот Зоран Дамјановски, а беше во посета и на СОУ „Перо Наков“ каде се отвори кабинет за модерен дизајн со поддршка на амбасадата.

Тоа беше едно прекрасно доживување со децата кои се во таа насока и добија едни услови за  креирање и едукација и тоа е економскиот сегмент, бидејќи Марко е економски еташе во економскиот сегмент во амбасадата и овој културен дел кој е традиција пета по ред, недела на германски филм, знаете секоја година традиционално германската амбасада, Прокредит банка како дел од агендата на поддршка на германскиот филм, МКЦ како домаќин и институција која го поддржува овој проект – вели Дамјановски.

Фестивалот ќе трае до крајот на неделата со неколку филмски проекции кои започнуваат секоја вечер во 20 часот, освен филмот „Куќата на крокодилите“ кој ќе се емитува во честврток со почеток во 18 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)