Отворен Центар за грижа на корисниците во „Водовод“

Во административната зграда на јавното претпријатие „Водовод“ утринава е отворен Центар за грижа на корисниците, кој ќе функционира како едношалтерски систем. Во него граѓаните ќе можат од едно место и во исто време да ги решат своите проблеми со водоснабдувањето. Центарот кој чини милион и двесте илјади денари, е отворен со поддршка на локалната самоуправа и канцеларијата на Швајцарска амбасада за поддршка на развојот во Македонија.

-Го осмисливме овој едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат на едно место и во исто време да ги завршат апсолутно сите потребни активности во врска со водоснабдување и одведување на урбани отпадни води. Овде ќе може да се плати сметка, пријави дефект, каже поплака, потпише договор на рати, извршат увид во нивните сметки, дадат пофалба за работата-наведе директорот на ЈП Водовод,  Горан Стојковски.

Претставникот од канцеларијата на Швајцарска амбасада за поддршка на развојот,  Франк Видеркер изрази задоволство од соработката и додаде дека на овој начин претпријатието, но и општината имаат можност да обезбедат подобри услови на своите граѓани.

-Горд сум затоа што станува збор можеби за прв или меѓупрвите вакви центри за односи со клиентите во Македонија. Ова е можност на сите граѓани кои имаат какви било проблеми со водоснабдувањето или одведувањето на отпадните води да дојдат во овој центар и преку системот на едношалтерско работење да ги решат сите свои проблеми-нагласи тој.

Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски потсети на проблемите со кои што се соочува ова јавно претпријатие, но го поздрави проектот за кој треба да ги намали приходните трошоци од сировите води.

-Овој центар бргу ќе ги решава сите дефекти како еден од основните елементи во загубите на води, а пред се детектирање на диви приклучоци, исклучување или контектирање на тие кои имаат права за такво нешто. На тој начин се трасира патот за една нова постапка и нов период каде ќе имаме рехабилитација на ова јавно претпријатие бидејќи поради историските неправди што четири до пет пати поскапа вода, ова претпријатие е доведено до една дисбалансирана финансиска состојба каде опстојува на ранг на егизстенција-нагласи тој.

Тој се надева дека и во иднина ќе продолжат здружено со канцеларијата на Швајцарска амбасада за поддршка на развојот,  да работат и на други проекти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)