Отворен центар за ран детски развој

Од денеска родителите на децата од населбата „Иго Тричковиќ“, имаат можност по три часа да ги оставаат во Центарот за ран детски развој Сонце, кој се наоѓа во подрачното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски денеска го посети центарот, кој е отворен со поддршка на УНИЦЕФ и локалната самоуправа, а е 18-ти по ред на ниво на државата. Таа истакна дека инклузијата на децата во предучилишните установи е од голема важност за развојот, јакнење на капацитетите, како и вклучување во образованиот процес, бидејќи европските и светските стандарди покажуваат дека децата коишто посетуваат ваков центар во различна форма или установи за предучилишно образование, секогаш даваат подобри резултати.

-Ги охрабруваме сите општини во Македонија да определат локации и да произнесат барања и желба за изградба на нови капацитети за сместување на децата, но и за отворање на вакви центри за ран детски развој кои ќе обезбедат многу поголема грижа за децата но ќе остават простор и на родителите за планирање на времето додека се на работа или во извршување на домашните обврска-нагласи таа.

За овој дневен центар за ран детски развој УНИЦЕФ одвои 900.000 денари, а локалната самоуправа се приклучи со милион и 400 илјади денари.

-Да се направат две училници за дневен центар капацитет е околу 100-ина деца, и една училиница за основното училиште каде од една руиниран простор успеавме да го реновираме и да направиме пригодни услови за оваа населба која е една од подинамичните во однос на растот на учениците, бројот на запишување на ученици и наша одговорност и задача е да ги подобриме условите за припрема на децата за едукативните процеси-истакна Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Заменик претставничката на УНИЦЕФ, Ража Масефер Берада истакна дека дневниот центар е од голема важност за родителите, но пред се за децата.

-Ние како УНИЦЕФ сметаме дека е многу важно децата да посетуваат вакви центри, бидејќи тие се значајни за нивното образование. Ова особено е важно за децата кои доаѓаат од периферијата. Затоа ги охрабруваме сите општини да отворат што повеќе вакви центри-истакна таа.

Министерката Ременски додаде дека при средбата со градоначалникот Зоран Дамјановски разговарале и за изнаоѓање локации за изградба на нови и реконструкција на веќе постоечките градинки, бидејќи капацитетот во Куманово е исполнет.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)