Откорнати дрвца на Даштев рид

Украдени се дел од садниците на Даштев рид кои што беа засадени во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ во декември минатата година. Граѓаните кои што живеат во станбените објекти близу градските гробишта кои што ги анкетиравме денеска иако не знаеја за откорнувањето на дрвцата, сепак го осудуваат ваквиот потег. Не знаат зошто некој би украл садници, но единствени се во ставот дека некои несовесни  граѓани наместо да ја заштитуваат , тие ја загрозуваат животната средина.

На денот на пошумувањето промотивно на Даштев рид беа засадени чемпреси и црн бор, садници кои што ги произведува Шумско стопанство. Тогаш надлежните кажаа дека тука условите се добри, има доволно влага и најверојатно ќе успеат од 80 до 90 проценти од засадените дрвца. Директорот Ваит Саити денеска немаше информација за украдените садници.

По се изгледа дека најпрво треба да се поработи на развивањето на еколошката свест  кај граѓаните, па дури потоа да се организираат акции за пошумување.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)