Отпочна медиумскиот тренинг камп „Буверо“

Во организација на Националниот ромски центар денеска започна третиот по ред  ромски медиумски тренинг програм „ Буверо“ . Дванаесет средношколки и студентки од Македонија, Бугарија и Србија  наредните девет денови ќе се обучуваат за продукција на аудио-визуeлни материјали, креирање мрежи за комуникација и интернет поврзување на  младите од регионот .

Професионални предавачи ги обучуваат младите  како да креираат новинарска приказна со фотографии и видео материјал и  како да ја применат дигиталната технологија како алатка за обезбедување  заштита на човековите права.

-Ова е прв тренинг програма на кој учествуваат и девојки од други држави, по претходните два на кои учествуваа исклучиво млади Ромки од Македонија, кои имаат можност да ја зајакнат самодовребата и да работат на развој на личните капцитети кои  им користат за професионално усовршување.

„Учеството на младите девојки и конкретно на ова група ми дава надеж дека има квалитетни млади кадри на кои треба да им се даде можност да се развијат, унапредат. Се надевам дека наредната година ќе успееме да го подигнеме на уште повисоко ниво и ќе го организираме надвор од државата. И годинава, како и претходните ќе  учествуваме на неколку фестивали со продукциите на учесничките во Холандија и Германија. Единствени сме во регионот, кои на младите девојки им даваат можност самите да ја креираат својата судбина, да се борат за своите права како жени, припаднички на ромаската заедница, а потоа и самите да допринесат за развој на заедницата од каде поттекнуваат“-изјави Ашмет Елезовски од Националниот Ромски Центар.

Проектот е финансиран од програмата „Европа за граѓаните“ и се спроведува во партнерство со фондацијата „Ромедиа“.

-Ова е петта година по ред како се одржува кампот, со тоа што, првите две години беа организирани во Унгарија, а последниве три во Македонија.Кампот го започнуваме со историја и ромскиот идентитет и од нивните приказни прават новинарски жанрови со фотографии и видео материја -изјави Славица Ќурчинска, организатор и предавач на кампот „Буверо“.

Финалните производи на учесничките на кампот ќе бидат презентирани пред пошироката јавност по завршување на кампот.  Младите сметаат дека стекнатите знаења ќе ги пренесат во локалните заедници, но и дека ќе работат на промоција на правата на жените Ромки во средините од каде што потекнуваат.Најголем процент од претходните учеснички на кампот, веќе се активни во граѓанскиот сектор и медиумите, објаснија организаторите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)