Отпочна постапката за регионална депонија

Советниците на денешната 26-та седница едногласно ја усвоија предлог –одлуката за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Претседателката на советот, Атина Мургашанска во своето излагање појасни дека и овој состав на советот и претходните два работеле на интегрирано управување со отпад и воведување регионален пристап.

„Североисточниот и Источниот плански регион пред девет години започнаа процеси за измена на локалните одлуки, јакнење на капацитетите, истражување на мислењето со цел да го унапредиме степенот на заштита на животната средина“, рече Мургашанска.

 Претседателката ги информираше советниците и граѓаните дека во оваа фаза донесена е одлука за двата региона дека би било најцелисходно да се изгради една станица за преработка на отпад во Свети Николе, а со цел да започнат постапките за објавување јавен повик, неопходно било да се формира заедничко јавно претпријатие.

-Позитивна законска регулатива е дека најголемата општина треба да биде иницијатор. Ние како најголема во државата воопшто и во овие два региони со задоволство го прифативме предлогот да бидеме ние иницијатори и да ја запазиме иницијативата и ја покренуваме и имаме донесување пред-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка.  Ако се усвои,  ќе се достави до сите 17 општини кои ќе усвојат сооветен текст и ќе одиме во следните фази каде ќе ги носиме актите на идното ЈП и ќе дебатираме како тоа ќе управува понатаму со третирање на отпадот во овие два региони, рече Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово

Советникот Зоран Петрушевски , како што рече ја поддржува предлог –одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка, но побара одговор од градоначалникот Максим Димитриевски во врска со ветената дислокација на депонијата Краста.

-Но, прилика е да го прашам градоначалникот кој е тука, во неговата изборна програма го најавува овој проект, дека регионално ќе се решава, но тој во неговата програма вели дека до 2020-та  година ќе изврши дислокација на постоечката депонија, рече Зоран Петрушевски , советник

Градоначалникот Димитриевски посочи дека ова е важна одлука за Куманово во делот на стратегијата за справување со цврст отпад во нашиот регион. Со добиениот грант од ЕУ ќе се изгради фабрика за преработка на отпад во Свети Николе, со што ќе се намали бројот на диви депонии и ќе се уредат веќе постоечките во сите општини во Североисточниот и Источниот плански регион.

-Точно е дека во рамките на програмата имам ветено такво нешто, периодот на имплементација е осум години, бидејќи таа депонија се создава многу години наназад и ниту технички или на било кој друг начин не може да се затвори одеднаш. Ако ја гледате принтаната форма на програмата има отстапувања, земете ја принтаната форма, која беше принатана во 20.000 примероци, ние оваа депонија не можеме да ја затвориме веднаш бидејќи истата е планирано да служи како трансфер станица за целиот отпад, кој ќе се претовара на оваа место од Куманово и  и Старо  Нагоричане  и ќе се користи како трансфер станица, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Проектот  чини 40 милиони евра, целосно обезбедени од ЕУ, а ќе се реализира во следните четири години.

Инаку, изградбата на станицата за преработка на отпад за граѓаните од двата плански региона ќе значи, како што вели Димитриевски, минимално покачување на цената за услугите, но од друга страна, ќе добиеме почист град и почиста животна средина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)