Отпочна проектот „Зајакнување на партиципативна демократија“

Kолку граѓаните и претставници од граѓански организации учествуваат во процесот на донесување одлуки на локално ниво беше тема на денешната средба во Куманово што ја организираше Фондацијата за развој на локалната заедница со претставници на граѓански организации од североисточниот регион. Оваа средба со фокус групата е дел од проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“, финансиран од ЕУ, преку инструмент за демократија и човекови права.

-Во фаза е подготовка на севкупна анализа на состојбите на процесот на учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво„-изјави Невенка Лонгурова –Гирова од Фондацијата за развој на локална заедница Штип

Резултатите од анализата на ниво на македонија се очекуваат во текот на јули месец по што ќе бидат доставени до надлежните институции, посочуваат надлежните.

 -Во септември ќе следат регионални дебати каде ќе се презентираат резултатите и ќе се консултираат граѓаните и општините како да се подобрат практиките .Подоцна ќе се формираат регионални работни групи кои детално ќе ги разработуваат препораките и ќе се лобира до надлежните институции за нивнаимплементација. Интересот е да се согледаат механизми кои се најефикасни и кои ќе ги поттикнат граѓаните активно да учествуваат и да придонесуваат во градењето на локалните заедници“-изјави,Логурова-Гирова.

Во наредниот период ќе се реализираат средби и со граѓанските организации од вардарскиот регион.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)