Отсекот за превенција прослави 7 годишно постоење

Отсекот за превенција изминативе години стана препознатлив по повеќе проекти кои имаат за цел намалување на криминалитетот, зачувување на јавниот ред и мир и зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите возрасти и категории на граѓани во нашата заедница, беше речено денеска на одбележувањето на Денот на превентивната работа на полицијата, во просториите на СВР Куманово.

-Би навел само неколку од нив, Безбедни училишта, проект кој стана пример и пошироко во регионот, Сите заедно за безбедно детство, Заедно за иста цел, Да не биде доцна, Безбедно во сообраќајот, Детски семафор, итн. изјави Севдаил Џафери, помошник началник во СВР Куманово

Сите овие проекти се насочени кон подобрување на сообраќајната култура, соживотот, спречување на насилство  врз децата, семејно насилство, со заедничка цел- Безбедност и заштита на заедницата односно на сите граѓани.

Отсекот за превенција како посебна организациона единица е формиран на 09 декември 2008 –та година во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)