ОУ „Браќа Миладиновци“ дел од европски проект

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ е едно четирите училишта во Европа, кое учествува во реализација на проектот „Empathy a way to the human being”. Проектот се имплементира во  училишта во Словачка, Полска и Турција. Целта на проектот е развивање на емпатија и толеранција кај децата уште од најрана возраст. Развивање на чувство на социјална одговорност, разбирање на социјалните и културолошките разлики.

Спречување на агресивно однесување во училиштатата како и сузбивање на предрасуди за вера, националност, пол, раса. Во услови на пандемија патувањата во различни земји се моментално стопирани, но активностите се реализараат и понатаму и тоа по виртуелен пат. Од 17-ти до 21-ви мај, 22 ученика од училиштето учествуваа во виртуелна мобилност- каде имаа можност со своите врсници од други земји да разменуваат идеи и размислувањња. Учествуваа во квизови, презентации, анкети како и во групни дебати. Проектот ќе се реалзизира до крајот на 2021 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)