ОУ „Кочо Рацин“ организираше Велигденски базар

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ ја покажаа својата креативност преку изработка на Велигденски декорации и десерти. По подготвување од една недела, училиштето организираше базар на кој децата групирани по одделенија ги презентираа и продаваа своите рачни изработки. Манифестацијата е дел од програмата „Подобрување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците“ на Министерството за образование.

-Како секоја година, така и оваа година, со цел зајакнување на соработката на родителите, учениците и наставниците, организираме Велигденски базар. Собирање на средства за хуманитарни цели, за училиштето и зајакнување на успехот и убавата клима на ова училиште, изјави Лидија Пешевска, директор на ОУ „Кочо Рацин“.

Како што вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар, а воедно и организатор на базарот, учениците сериозно ги сфаќаат ваквите манифестации и се поактивно земаат учество нивно организирање. Таа додаде дека преку ваквите работилници, децата ја покажуваат својата креативност и го будат натпреварувачкиот дух во себе.

– Еднаш организиравме Новогодишен базар и се докажа дека навистина е интересен и за родителите и за учениците па и за нас наставниците. Добро е еден ден да се изорганизираме и да направиме ваков спектакл, истакна Ивана Ѓорѓиевска, организатор на базарот.

Училиштето ја користи секоја можна прилика за организирање на работилници преку кои децата ќе можат да ги покажат своите способности и да бидат креативни, а воедно и да научат нешто, истакна директорката. Таа додава дека вработените во училиштето, секој празник го одбележуваат со пригодна програма.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)