ОУ „Кочо Рацин“ со новогодишна бајка

Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска се одржа приредба насловена Новогодишна бајка. На манифестацијата присустувааа и учениците од подрачните училишта. Директорката Лидија Пешевска истакна дека е задоволна што на учениците им приредиле радост и среќа. Таа дополни дека оваа годината како училиште постигнале одлични резултати.

-Решивме оваа година од нашите вработени за нашите деца подготвивме новогодишна бајка, во која учествуваа Дедо Мраз и Баба Мразица, самовила, снегулки, волштебник. Имаме две претстави, ги поканивме нашите дечиња од подрачните училишта од Доброшане, Биљановце, Кучкарево, Орашац, дојдоа сите. На радоста и немаше крај и тоа ни беше целта, да постигнеме малку радост, веселост, да им приредиме за овие предновогодишни празници.  Задоволни сме, се што беше планирано е реализирано, успешно во секој случај се надеваме дека така ќе продолжиме и понатаму. Би сакала на сите да им посакам пред се многу здравје, среќа, радост и успех на децата, возрасните и на сите граѓани-истакна таа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)