ОУ „Кочо Рацин“ учествува во „Еко пакет Македонија 2018“

Основното училиште Кочо Рацин активно учествува на националниот конкурс Еко пакет Македонија 2018-та, која е наменет за развивање на свеста за зачувување на животната средина. Ученици од прво до петто одделение селектираа тетра пак амбалажи и ги искористија за изработка на уметничко дело на тема Зелен транспорт, односно алтернативни превозни средства кои не ја загадуваат животната средина.

-Имаме велосипеди, воз, брод, комисијата треба да избере прво второ и трето место со што преку електронска апликација до националниот конкурс на еко пакет ќе конкурираме и ќе учествуваме за некое од првите места се надеваме на успех. Пред се многу е важно да се развие свеста за зачувување на животната средина односно рециклирање на отпаден материјал како што е тетрепак за да има помалку отпадоци и почиста животна средина-посочи директорката на Кочо Рацин, Лидија Пешевска.

Пријавените тимови на ниво на државата ќе ги оценува комисија за наградување согласно темата и  следните критериуми, реупотреба на материјали, инспирација, оригиналност и мобилност на уметничкото дело. Училиштата на трите наградени тимови ќе добијат финансиска поддршка за реализација на еколошки проект во износ од 1000 евра за првото, 700 евра за второто и 500 евра за третото награденото уметничко дело. Учениците и наставниците од наградените уметнички дела ќе имаат можност да учествуваат на Еко камп.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)