ОУ „Кочо Рацин“ ќе соработува со „Порака наша“

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и основното училиште „Кочо Рацин“ утринава потпишаа договор за соработка.  Учениците, но и наставниците ќе имаа можност да им пружат помош на лицата со попреченост, во сите активности што ќе ги реализираат во понатамошниот период. Од друга страна, дефектологот од центарот пак ќе може да работи со учениците од „Кочо Рацин“.

-Имаме план, програма и тие кај нас ќе доаѓаат ќе ни даваат поддршка за инклузивно образование, ние тука, нашите ученици деветооделенци ќе пружат помош во секој момент онаму каде што имаат потреба од нас ќе биде отворени за соработка секогаш, ќе надевам дека ќе продолжи и понатаму успешно-истакна директорката на ОУ Кочо Рацин, Лидија Пешевска.

Од Порака наша истакнаа дека сакаат преку стимулација на одредени развојни  области со различни активности, да се зголемат потенцијалите на децата и успешно да се вклучат во воспитно-образовниот процес.

-Во основното училиште Кочо Рацин се инклузирани поголем број на деца кои се со посебни образовни потреби, меѓутоа дефектологот е од круцијално значење но сепак тој не е вклучен во образовен процес така што преку оваа соработка ние ќе се потрудиме да дадеме што е можно повеќе поддршка и преку одредени активности, да го стимулираме развојот и да помогнеме во воспитно образовниот процес на овие дечиња а се надевам дека во иднина ќе се реши тој проблем-наведе Марија Цакиќ дефектолог во Порака наша.

Инаку Порака наша веќе подолг период соработува со средното техничко училиште Наце Буѓони, како и гимназијата Гоце Делчев.Тие истакнаа дека се отворени за соработка со сите училишта од градот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)