ОУ „Толи Зордумис“ издаде прирачник за работа со талентирани ученици

Основното училиште „Толи Зордумис“ денеска на завршната манифестација од проектот „Our work to extract ores“ го промовираше финалниот продукт,  прирачник за наставници за работа со талентирани ученици. Проектот на кој работеше училиштето изминативе две години е поддржан од  од Европската комисија и Турската национална агенција. Истиот се одвиваше со четири фази, а во негова изработка учествуваа и училишта од Полска, Романија и Турција.

-Сите наставници во една регуларна паралелка знаат и се обучени како да работат со деца секој за својата тема, меѓутоа како да препознае еден наставник талент кај дете во многу рана возраст и како потоа да му помогне да се развие тој талент и во која насока да се движи. Имавме и други активности, проектот се одвиваше во четири фази, четири средби во Полска, Романија и Турција. Еминенти професори, доктори беа гости во нашиот проект кои  ни помогнаа во изработка на финалниот продукт, прирачникот кој денеска го промовираме-истакна координаторот на проектот Наталија Спасовска, координатор на проект.

-Овој прирачник што го изработивме со колегите од другите држави е практичен, можат да го користат сите наставници во училиштата. Во него имаме прашалници кои можат да ги искористат наставниците за идентификација на ученици. Се работи за прашалници со клучни одговори и се она што е потребно за да може да биде искористено за работа со деца со талент-дополни Весна Димитриевска, психолог во ОУ „Толи Зордумис“.

На промоцијата на прирачникот присуствуваа претставници на основните училишта од градот. Инаку основното училиште Толи Зордумис во моментов активно работи на пет проекти од Еразмус плус програмата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)