Очната и ушната амбуланта во нови простории

Започнаа со работа реконструираните амбуланти на Одделението за очни болести и Одделението за уво, грло и нос во општата болница. Тие се дислоцирани од поранешните простории и се наоѓаат во зградата на поранешниот центар за дијализа со цел да бидат поврзани со одделенијата кои се на катот  над нив.  Надлежните сметаат дека со оваа новина пациентите ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги и тоа на едно место.

–  Со дислоцирањето на овие амбуланти сега создадовме еден систем со стационарниот дел така што ќе биде една функционална единица и пациентите не мора веќе да се шетаат од една до друга амбуланта и одделенијата,  така што во зградата на Никола Спасиќ ги имаме сместено и амбулантите и болничкиот дел. Ова е од буџетот на општата болница Куманово, изјави Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово

Околу 100 прегледи дневно се прават во очната амбуланта, а за пациентите се грижат само тројца офтамолози специјалисти.Велат дека недостига стручен кадар, но нагласуваат дека проблемот може да се реши  со ангажирање на специјалисти и од други градови.

-Ние не располагаме со доволен број на лекари така што ние преку системот мoј термин во моментов се чека околу месец ипол до два за преглед, тоа значи е премногу чекање, но ние моментално работиме со тројца специјалисти, што е голем хендикеп, од друга страна ние немаме специјалисти офтамолози ни во приватното здравство така што ние сме дополнително оптоварени и затоа бројката се движи преку мој термин околу 50 дневно, а ако ги вклучиме и пациентите со приоритетни упати тука се опслужуваат 80 пациенти дневно, ако ги вклучиме и контролните прегледи бројката достигнува до 100 може и повеќе, изјави Али Далипи, началник на Одделние за очни болести

Дека навистина е преоптоварено очното одделeние говори и фактот што на  годишно ниво последните години во кумановската  болница се прават од 400 до 500 операции, за разлика од претходно кога бројот на операциите изнесувал само 30 годишно.

Дали и кога ќе се вработат уште офтамолози зависи од министерството за здравство кое што треба да даде дозвола за објавување оглас за вработување во опшатата болница, велат надлежните.

Во амбулантата за уво, грло и нос бројот на прегледите дневно е трипати помал споредбено со очната амбуланта.

-Во амбулантите просечно се вршат над 40 пациенти дневно, со мој термин се 20, тие ќе бидат прегледувани овде, а тие што се со приоритетен упат ќе бидат прегледани на Одделение, изјави Фадиљ Маличи, началник на Одделение за уво, грло и нос

Во наредниот период ќе бидат реконструирани и останатите амбуланти и одделенија. Се очекува целосната реконструкција да заврши до почетокот на мај, годинава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)