ОШЗС со препораки до граѓаните

Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID 19. На состанокот беа донесени следниве препораки,заклучоци и мерки:

-Се задолжува ОШЗС да обезбеди волонтери од администрација (општинска и од јавни претпријатија) кои ќе се вклучат во испомош на доставување на боци со кислород во ЈЗУ Општа болница Куманово.

-Заради зголемениот број на заразени, особено млада популација и нивните семејства апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, како и да се намалат семејни и собири на отворено.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)