Триесет и осумгодишен кумановец пријавил дека во Средорек биле оштетени гуми и ретровизори на пет возила, информира полицијата.
Дваесет минути по полноќ, во Секторот за внарешни работи Куманово, Д.М (38 години) пријавил дека на улицата во Средорек биле оштетени гуми и ретровизори на пет патнички моторни возила кои биле паркирани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.