Оштетен кровот на манастирот во Матејче, епархијата бара итна интервенција

Оштетена е кровната конструкција на манастирот во Матејче, информираше денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Деновиве и граѓани алармираа дека е изведено оловото на покривот. Од СВР Куманово соопштија дека вчера кај нив било пријавено дека бил оштетен кровот и биле одземени предмети. Екипа од Секторот извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

И од кумановско-осоговската епархија информираа дека манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, подолго време е цел на вандализам и кражби.

-Во изминатите денови, целосно е откриен и украден оловниот кров, со што храмот, целосно е препуштен на надворешните атмосферски влијанија, истиот е во опасност да биде неповратно уништен. Манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Матејче е прогласен за споменик на културата во опасност, и потребна е итна интервенција од страна на стручните служби во Министерството за култура-стои во соопштението од кумановско осоговската епархија.

За да се спречи понатамошното уништување и повторно да се врати сјајот на овој манастир во состојба како што беше пред 2001 година, Македонската Православна Црква – Кумановско-осоговската епархија поднесе пријава за извршена кражба до Министерството за внатрешни работи, и барање за итно интервенирање до Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Националниот конзерваторски центар.

-Во координација со сите институции во државата кои имаат ингеренции за спроведување на законите и владеење на правото, се надеваат дека ќе се зачува Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матејче од негово неповратно уништување

Коментари

коментар(и)