Оштетен мост опасност во Довезенце

Мештаните од Довезенце се жалат дека веќе неколку години имаат проблем со оштетениот и небезбеден мост на Крива река, кој ги спојува двете страни на селото. Откако сами го изградиле импровизираниот мост, со секое надоаѓање на водата постои опасност од поплави, кои ќе блокираат многу фарми, куќи и 100-ци хектари обработливо земјиште- тврди претседателот на месната заедница на Довезенце и член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Додевски.

-Пред 15 години бевме принудени да изградиме премин кој ќе ни користи но веќе прашање е на време кога некој посилен налет на реката трајно да го оштети. Досега повеќе пати се имаме обратено до локалната власт со барање и план да се изгради мост но за жал без резултати. Нашите маки се многу големи, посебно овој период кога водостојот на реката драстично се зголемува а имотите и луѓето од другата страна се отсечени-наведе тој.

Доколку не се изгради нов мост на Крива река, мештаните ќе бидат принудени да патуваат со километри за да стигнат до другата страна на селото.

Тие додаваат дека освен мостот, проблем им претставува и неасфалитраниот пат, кој води кон црквата Свети Спас и гробиштата. Велат надлежните им ветиле дека ќе го направат, но досега нема никаков резултат.

Жителите на Довезенце кое се наоѓа на 25 километри од Куманово апелираа до градоначланиот Зоран Дамјановски да им ги исполни дадените ветувања. Инаку во ова село живеат околу 100 мештани, од кои повеќето произведуваат градинарски култури.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)