Пазарџиите на протест, немаат пари за лиценци

Пазарџиите од зелениот градски пазар денеска излегоа на протест и ја блокираа улицата Трета МУБ, поради новиот Закон за зелени пазари кој стапи на сила пред неколку денови. Од нив се бара да обезбедат лиценци за работа, која изнесува 60 евра. Како што се наведува во законот на пазарите не може да работат оние кои остваруваат некаков хонорар, пензионери или вработени граѓани. Доколку некој пазарџија има две или повеќе тезги за секоја наредна треба да плати уште дополнителни 40 евра.

Пазарџиите од Куманово не се согласуваат со овој закон, затоа што велат дека не можат да обезбедат пари за закуп на тезга, а не пак за лиценца. Додаваат дека никој од недлежните не ги информирал за законот, ниту пак се консултирал со нив.

– Ние бараме лиценците да се поништат 1100 евра јас сум земјоделец за мене се многу. Јас за парче леб не можам да заработам, имам четири деца. Пазарот е празен, кога јас не можам да излезам на крај што е со останатите што прекупуваат производи. Ова е за нас премногу, најмногу за земјоделците кои сами произведуваат. Излеговме овде за парче леб да извадиме-вели еден од пазарџиите.

-Излеговме заради лиценците за тоа штрајкуваме да нема лиценци, не можеме тезга да платиме, која е 50 евра. Сега нема човек да влезе на пазарот, јануари, февруари немаме пари за исплатиме тезга. Измрзнавме, болни нема пари за лекови, а не лиценци да плаќаме од тоа живееме и јас и жената работиме овде, од земјоделство имаме 10 хектари, зеленчук произведуваме, децата не работат и сега какви лиценци да плаќаме и стаж, ние имаме стаж нека ни дадат пензија, но немаме години. Во маркетите се има овде наколку пазарот, тие доаѓаат и си пазар а на пазарот не доаѓа никој-дополни друг пазарџија

Пазарџиите истакнаа дека планираат да продолжат со протестите и наредните денови, се додека не се повлече законот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)