Пазарџија измамен за 12.000 денари

63-годишен жител на Куманово  вчера во кумановската полиција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 12.200 денари, информира Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, додека продавал на својата тезга на Градскиот зелен пазар во Куманово, лицето побарало од него да купи производи, но му кажало дека има само евра. Како што е пријавено, откако тој му дал денари, лицето не му ги дало еврата и ја искористило гужвата и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)